| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.01.2017

Пет од пет за Тричко

Нема крај на гол – серијата на нашиот напаѓач во шампионатот на Кипар. На последните пет меча на овој тим, стрелец е Иван Тричковски. Вечерва стрелаше и против Неа Саламина

Лесно му е на АЕК Ларнака кога во својот напад го има нашиот репрезентативец Иван Тричковски. Тој е во супер серија од пет голови на последните пет првенствени натпревари, по еден на секој посебно, за својот тим во шампионатиот на Кипар. И вечерва Тричко стрелаше, овојпат против Неа Саламина и тоа во 73. минута поставувајќи ги конечните 2:0 за АЕК Ларнака за нови три бода. Инаку ова е вкупно деветтиот гол за Тричковски во текот на оваа сезона во првата лига на Кипар, со што е при врвот на стрелците.



Датум: 14.01.2017, 20:35
Статијата е прочитана 1210 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense