| контакт | маркетинг
КОШАРКА

10.11.2017

Сите се добредојдени кај Давитков

Селекторот на машкиот национален тим, Јорданчо Давитков, ги уфрли речиси сите најдобри македонски играчи кои ги имаме во моментов, но сигурно е дека некои од нив нема да се појават во претквалификациите за Евробаскетот 2021.

Првиот тренинг ќе се одржи на 19 ноември во 17 часот, во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“. Првиот натпревар во овој цисклус го играме на гостински терен, против Словачка, на 23 ноември, а вториот е дома на 26 ноември, против Швајцарија, во СЦ „Јане Сандански“.
На листата на Давитков се: Перо Антиќ (Црвена Звезда), Војдан Стојановски (Бујукчекмеџе), Ѓорѓи Чековски (Работнички), Ненад Димитријевиќ (Хувентуд), Стојан Ѓуроски (Карпош Соколи), Марјан Јанески (Куманово), Димитар Караџовски (Куманово), Александар Костоски (Питешти), Бојан Крстевски (Работнички), Андреј Магдевски (Фени Индустри), Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Меќиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Љубомир Младеновски (Илирија), Кирил Николовски (Карпош Соколи), Предраг Самарџиски (Мега Бемакс), Дарко Соколов (Карпош Соколи), Бобан Стајиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), Диме Тасовски (Гостивар), Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром), Лестер Бо Мекејлеб, Ричард Хендрикс (Галатасарај), Џордан Теодор (Армани Милано), Марко Дујковиќ (Блокотехна).

ИМА 7 НОВИ ФАЦИ, ОТПИШАНИ СЕДУММИНА ОД СПИСОКОТ ЛЕТОСКА

Од поширокиот список кој беше даден летоска, овојпат ги нема Горјан Марковски, Марко Симоновски, Игор Пенов, Владимир Брчков, Кристијан Николов, Александар Штерјов, Предраг Пајиќ и Михајло Митев. Од овие играчи, само Пенов и Брчков имаа настапи во претквалификациите за СП 2019 против Косово и Естонија. Симоновски имаше проблем со осигрувањето и неодамна зе врати на терените, не е запишан. 
Нови имиња се Андреј Магдевски, Димитар Караџовски, Предраг Самарџиски, Дарко Соколов, Дамјан Стојановски, Ричард Хендрикс и Марко Дујковиќ. Дел од нив се очекува да бидат дел од националниот тим на ноемвриските мечеви, но некои најавија дека нема да се појават на подготовките.
Интересно е враќањето на џинот Марко Дујковиќ кој лани играше во квалификациите за ЕП 2017 кога селектор беше Драган Раца, но летоска Давитков не сметаше на него. Иста е ситуацијата и со Караџовски, еден од најдобрите играчи на Куманово.



Датум: 10.11.2017, 15:32
Статијата е прочитана 655 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense