| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.12.2017

„Утепана“ Пелагонија

Што навистина се случува со некогаш гигантите на мак - фудбалот, Пелистер и Победа. Од таборот на „зелените“ се бара спас преку социјалните мрежи, додека во Победа пак ситуацијата е статус кво, но во полоша варијанта


Познато е дека без силни и квалитетни Пелистер и Победа, нема квалитетен фудбал во Македонија, како на клупско така и на репрезентативно ниво. Да не набројуваме, барем во последните 26 години на самостојна Македонија, кој се од репрезентативците никнале од Пелистер и Победа, плејада екстра квалитетни фудбалери и тренери. Но сега веќе не е така, не барем во овој последен период. Имено ако ја погледнете прволигашката табела, ќе забележите дека на дното се токму Пелистер и Победа. Седми се прилепчани со 19 бодови а деветти битолчани се само 16 освоени бодови по првата полуетапа во оваа 2017/2018 сезона. Значи Пелистер и Победа ги чека тешка зима но јасно е дека ги чека и пеколна пролет.
И зошто е тоа така? Зошто ако се знае дека пред стартот на оваа сезона и од двата клуба доаѓаа информации, најави, дека гигантите на мак - фудбалот сакаат повторно излез во Европа, сакаат бидат во горниот дел на табелата. Веднаш зад Шкендија и Вардар. Но по тие одиграни 18 кола, еве каде застанаа, на дното на табелата, во друштво на „пиратите“ од Автокоманда. 

Пелистер бара спас...

Пелистер пред само две години беше блиску до третата лига. Но одредени лица и спонзори рекоа доста е, и „зелените“ прво изборија пласман во елитата а потоа во неа завршија и како четврти, со освоен Куп на Македонија. И играа во Европа. И кога се мислеше дека Пелистер ја фати таа нагорна линија на успесите, на резултатите, работите тргнаа во погрешна насока. Секако дека има причини зошто се растури целата работа, тука самите битолчани се виновни, и дојде   работата до тој степен за да актуелниот тренер Спасе Ристевски побара помош и тоа преку социјалните мрежи. Каков срам, каква бламажа за битолската фудбалска гордост. Сега се повикува на мобилизација, на спас на клубот. Она што беше некогаш тоа е и се повторува. Како да некои лекции Битола едноставно не знае ниту сака да ги научи. А редно беше да ги научи. Значи она што беше добро, она што некои луѓе направија се да Битола повторно „дише“ фудбалски, некои не знаеја да го ценат.

Нема пари во Прилеп

А факт е дека главниот проблем се парите. Тие постојано се проблем во мак - фудбалот, не дека во Победа пред извесно време работата беше сјајна, но самиот Бубања но и играчите велат дека тоа малку што го имало, било давано на време. Тука мислиме на платите и останиот дел од договорите. Но сега веќе не е така. Така барем се вели, и дека на играчите сега им се должат неколку плати и неколку договори. И кога е така, тогаш први за заминување се тие играчи што не се од Прилеп. Еве веќе Филип Најдовски, еден од најдобрите играчи на прилепчани, инаку скопјанец, најави дека за него Победа е само минато. Претходно од Прилеп си заминаа и дел од странците, како Хумбатов, потоа Станиќ.
Интересно е тоа што, за разлика од минатите преодни рокови, за Пелистер и за Победа не се врзуваат никакви шпекулации за евентуални нови играчи. А кога е така тогаш јасно е дека ситуацијата и во Пелистер и во Победа е далеку од розова.

 



Датум: 19.12.2017, 10:21
Статијата е прочитана 3112 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense