| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.12.2017

Историски бод за Вардар во ЛЕ

Во последниот меч од Л групата во Лигата на Европа, Вардар одигра 1:1 со Розенборг

Бод за крај на евро одисејата на Вардар, која започна уште во јули. Реми за крај и тоа против Розенборг во последниот меч од Л групата во Лигата на Европа. Резултатот е 1:1, но штета, Вардар беше многу блиску и од историска победа, но ако се знае како нашиот евро преставник мина на тие пет мечеви, секако дека и ова е добар резултат. Резултат остварен во добра игра, посебно во првиот дел кога Вардар не само што водеше туку беше и во вистинсла смисла доминантен. Поведе со голот на Итало во 9. минута а Розенборг израмни во последните секунди од полувремето и тоа пенал со голот на Бендтнер.
Во второто полувреме се осети заморот кај четата на стратегот Чеде Јаневски, но Вардар може да жали поради онаа супер шанса на Новак во 75. минута кога гостинскиот голман направи чудо и го спаси својот тим од пораз.
И тоа е тоа од историскиот настап на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа. Историски бод и за мак-фудбалот.


 



Датум: 07.12.2017, 23:08
Статијата е прочитана 722 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense