| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.01.2016

Вардар го промовираше Џигаури


Станува збор за крилен играч кој доаѓа како слободен играч, а до декември играл во Динамо Тбилиси. Има настапи и за репрезентацијата на Грузија

Бараа „машина за голови“, но најдоа крилен офанзивен фудбалер. Исто како и најавениот Качарава, и овој Грузиец, меѓутоа за разлика од „џинот“ во нападот, кај овој има нешто конкретно во врска со македонскиот шампион. Станува збор за Џамбул Џигаури, кој има 24 години и како слободен го засили првакот. Џигаури целата кариера ја минал во Динамо Тбилиси, со исклучок од сезоната 2013/2014, која ја минал во Чикура.
Откако успешно ги мина лекарските прегледи тој официјално беше промовиран како нов играч на Вардар. Со тоа најтрофејниот македонски тим за првпатдоби играч од оваа земја. Тој е биде седмиот странец во „црвено-црните“ со оглед дека во моментов ги има Новак (Украина), Хамбарѕумјан и Барсегјан (Ерменија), Фелипе и Балотели (Бразил) и Којашевиќ (Ц. Гора).
Џигаури е роден во Тбилиси на 8 јули 1992 година. Висок е 175 сантиметри, и негова природна позиција е десно крило, но може да игра и како лево крило. Неговата вредност на „Трансфермаркт“ изнесува околу 475 илјади евра.  Минувајќи низ сите младински категории на Динамо, своето деби за првиот тим го има во 2011 година како тогашен 17-годишен играч. Потоа често се селеше во Чикура каде што мина година и пол на позајмица, пред да се врати во Динамо Тбилиси. Од 1 јануари е слободен играч откако му истече договорот со Динамо, и одби да го продолжи сакајќи да најде нов предизвик.

ИСКУСТВО СО ИГРАЊЕ ВО ЛШ
Новото асилување на Вардар има и искуство со играње во Европа, поточно во Лигата на шампионите. Тој настапи за Динамо Тбилиси минатото лето против Алашкерт кога на гостински терен постигна и гол за 1:1. На реваншот Динамо победи со 2:0 и се пласираше во следната фаза. Интересно, но доколку Вардар го минеше Динамо Загреб, ќе играше и против Вардар со оглед дека во следната фаза се сретнаа Динамо и Динамо. И тие два меча Џигаури ги одигра со 90 минути, но неговиот тим беше елиминиран од „модрите“ од Загреб.

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА СВОЈАТА ЗЕМЈА
Од ланската година Џигаури се стекна и со репрезентативен статус, благодарение на добрите игри во Динамо Тбилиси. Има два настапи, и ги забележа во септември и во октомври. Против Австрија настапи цел натпревар, и имаше неколку дуели со Марко Арнаутовиќ, меѓутоа на тој меч на домашен терен загубија со 1:2. На мечот со Велс играше во последните пет минути кога влезе од клупата во „ремито“ од 1:1 на мечот одигран во Кардиф.
Освен за сениорите, Џигаури играл и за младинската селекција на 12 натпревари и има постигнато три голови. Стрелаше против Холандија кога неговиот тим славеше со 0:1 и тоа против генерацијата на Аке, Ван Гинкел, Локадија... И кога ќе дал голови за грузискиот национален тим до 21 година, секогаш победувале.



Датум: 14.01.2017, 13:15
Статијата е прочитана 2999 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense