| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.07.2017

Коњаспор на Бејтулаи му нуди 20.000 евра месечна плата!

Покрај Коњаспор, за услугите на стоперот на Шкендија и нашата репрезентација, свој интерес пројавуваат уште две екипи од Турција, тоа се Акхисар и Генчербирлиги

Егзон Бејтулаи е пред можен трансфер во Турција. За него во моментов има интерес од три клубови, и тоа од Коњаспор, Генчербирлиги и од Акхисар. Сепак најмногу „гризе“ Коњаспор која му нудела на репрезентативниот стопер 20.000 евра месечна плата, плус стан, кола и останати бонуси. Но овој можен трансфер може и да не се оствари поради големите барања на Шкендија во врска со отштетата. Во врска со ова го запрашавме менаџерот на Бејтулаи, но тој ниту потврди ниту пак демантираше за понудата на турскиот клуб.

Интересно е што сега вратите на менаџерите кои се заслужни за трансферот на Елмас во Фенербахче,  им се широко отворени на  турскиот фудбалски пазар. Сега по големиот трансфер на нашиот дијамант во гигантот од Истанбул, може многу полесно тие менаџери да продаваат наши играчи во Турција.



Датум: 30.07.2017, 20:48
Статијата е прочитана 4621 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense