| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017

Милевски: Задоволен од играта и резултатот

„Задоволен сум од играта и од резултато, момците одиграа на едно високо ниво“ изјави селекторот

Новата генерација на нашата репрезентација до 21 година имаше одличен почеток. Победа од 2:0 и уверлива игра против Црна Гора даваат позитивни знаци дека овие момци ќе продолжат по патот на своите претходници.
„Задоволен сум од играта и од резултатот. Момците одиграа на едно високо ниво, сепак, на овој меч ми беше поважно да забележам некои други детали“ изјави селекторот Боби Милевски по победата.

Елиф Елмас постигна мајсторски гол во 31. минута и беше еден од најистакнатите поединци на теренот.
„Среќен сум за голот, но, уште повеќе за победата на нашата репрезентација. Ова е одличен почеток на еден циклус средби на оваа генерација за која ќе продолжи по стапките на своите претходници“ истакна Елмас.



Датум: 24.03.2017, 16:18
Статијата е прочитана 1202 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense