| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.12.2017

Работнички ќе се „тестира“ со Габала


*На подготовките во Анталија кои ќе се одвиваат од 22 јануари, покрај азербејџанскиот тим, „романтичарите“ ќе ги одмерат силите и со Динамо Санкт Петербург


Работнички уште отсега ги прави плановите за тоа што очекува во Анталија, во старата зимска база на „романтичарите“, каде од 22 јануари до 2 февруари ќе се подготвува четата на стратегот Горан Станковски. Покрај вобичаените тренинзи, Работнички ќе одигра најмалку четири контролни мечеви со силни противници. Засега само две се договорени, а ривали се Габала од Азербејџан, еден од најсилните тимови во таа земја и Динамо од Санкт Петербург. Тоа е клуб од Втората лига во Русија.


На одмор до 5 јануари


Инаку во средата со поразот од Вардар со 0:1, заврши есенскиот дел од сезоната 2017/2018, за клубот од Градски парк. Секако дека допрва треба да се анализира тоа петто место на табелата, но ако се знае како стартуваше и како играше Работнички до средината на полусезоната, и овој пласман и не е така лош. Станковски по мечот со Вардар им даде одмор на своите играчи и тој ќе трае до 5 јануари кога веднаш по новогодишните празници ќе стартуваат со подготивките. Рековме веќе, главниот дел ќе се одвива во Анталија.

 

 



Датум: 17.12.2017, 09:50
Статијата е прочитана 468 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense