| контакт | маркетинг
КОШАРКА

15.07.2017

Македонија за „десетка“ подобра од Бугарија

Избраниците на Јорданчо Давитков вечерва славеа во контролата над источниот сосед со 80:70

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва во салата „Борис Трајковски“, ја совлада селекцијата на Бугарија со 80:70. Иако не блескаа, сепак, македонските репрезентативци покажаа дека се за класа подобри од Бугарите, имајќи водство и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар.

Првата четвртина ја доби Македонија со 15:11, за во втората да биде израмнето 23:23. Во третиот период „тесна“ предност на нашата селекција од 19:18, а во последната четвртина Македонија ја имаше најголемата предност (23:16)

Најефикасен кошаркар во нашиот национален тим беше Диме Тасовски со 18 поени, а кај Бугарите Везенков даде 16 поени.

Ова беше трет контролен натпревар за македонската селекција како дел од подготовките за квалификациските натпревари за СП 2019 година.  Следен „тест“ за избраниците на Јорданчо Давитков ќе биде „Трофеј Македонија“.



Датум: 15.07.2017, 22:19
Статијата е прочитана 2783 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense