| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.03.2017

Нестор во друштво на Левандовски, Роналдо, Имобиле, Бејл..

Нашата гол – машина е при врвот на листата на стрелците во европските квалификации за СП во Русија 2018 година

Илија Несторовски со четири голови е на делба на петтото место на листата на стрелците во европските квалификации за СП во Русија 2018 година. Пред него се само Роберт Левандовски (Полска) и Кристијано Роналдо (Португалија) со 7 голови, следуваат Чиро Имобиле (Италија) и Ромелу Лукаку (Белгија) со по пет погодоци. Друштво на Илија со по четири голови  му прават Герет Бејл (Велс), Диего Коста (Шпанија), Томас Милер (Германија) и др. фудбалери. Сепак треба да се каже дека Несторовски за разлика од останатите,  одигра четири меча, на првата со Албанија не доби шанса. Тоа значи дека Несторовски во просек има по еден гол на секој натпревар, просек што е сон на секој голгетер. Тресеше со Израел, Италија и синоќа двапати со Лихтенштајн.
Долго време чекавме на ваков расен стрелец, досега во изминатите пет меча Македонија постигна седум голови а четири од тие се дело на Несторовски.
Можеме само да жалиме, а најмногу самиот Илија, за тоа што се случи синоќа во 89. минута на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц кога не успеа да реализира пенал и да го постигне својот трет гол на гостувањето кај Лихтенштајн кого го победивме со 3:0. Тој хет – трик ќе го сместеше во друштво на Бошко Ѓуровски и Дејви Главевски, кои во минато постигнале по три гола за нашата репрезентација на еден меч во квалификациите.



Датум: 25.03.2017, 12:48
Статијата е прочитана 2442 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense