| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

16.07.2017

Против Висла Плоцк почнува одбраната на титулата на Вардар

Европскиот првак Вардар на гости кај полскиот вицешампион Висла Плоцк ја отвора новата сезона во која го брани тронот. Првиот натпревар во СЦ „Јане Сандански“ го игра против Кирил Лазаров и неговиот нов клуб Нант

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк и првиот „предизвикувач“ на европскиот шампион Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите. ЕХФ викендов го дефинираше изгледот на натпреварите во групната фаза, а вардарци кои одбраната на титулата ќе ја имаат во групата А, тргнуваат од Полска. Терминот од 13 до 17 септември е резервиран за првото коло од најсилното европско клупско натпреварување.
Една недела подоцна (20/24 септември) „црвено-црните“ премиерно ќе ги гледаме во СЦ „Јане Сандански“. Подобро отворање на сезоната пред својата публика и не може да имаат со оглед на тоа дека најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и неговиот нов клуб француски Нант ќе гостуваат во Скопје.
Последното коло од првиот дел европскиот првак го игра во „Јане Сандански“ против Кристијанштад (29 ноември – 3 декември). Последните четири кола од групната фаза се играат во февруари и март следната година, односно по завршувањето на Европското првенство во Хрватска.


ТЕШКОТО ЗА МЕТАЛУРГ
Главниот фаворит за освојување на едно од двете места кои водат кон осминафиналето од групата Д, Монпеље е првиот елитен предизвик за Металург во новата сезона од Лигата на шампионите. Распоредот вели дека „металурзите“ гостуваат на стартот (13/17 септември). Слично како и „црвено-црните“ и тимот од Автокоманда потоа следните два натпревари ги игра на домашен терен, против Бешикташ, односно квалификантот.
Металург натпреварите од групната фаза ги завршува на почетокот на декември на гостувањето кај квалификантот, а доколку се најде на едно од првите две кола во групата Д, може да се надева на европска пролет.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ГРУПА А - Вардар

1.КОЛО (13/17.09.2017)
Висла П. – Вардар
2. КОЛО (20/24.09.2017)
Вардар – Нант
3. КОЛО (27.09-01.10.2017)
Вардар - ППД Загреб
4. КОЛО (4/8.10.2017)
ПИК Сегед – Вардар
5. КОЛО (11/15.10.2017)
Вардар – Барселона
6. КОЛО (1/5.11.2017)
Кристијанштад – Вардар
7. КОЛО (8/12.11.2017)
ППД Загреб – Вардар
8. КОЛО (15/19.11.2017)
Вардар – РНЛ
9. КОЛО (22/26.11.2017)
РНЛ – Вардар
10. КОЛО (29.11/03.12.2017)
Вардар – Кристијанштад
11. КОЛО (7/11.02.2018)
Барселона – Вардар
12. КОЛО (14/18.02.2018)
Вардар - ПИК Сегед
13. КОЛО (21/25.02.2018)
Нант – Вардар
14. КОЛО (28.02/04.03.2018)
Вардар – Висла П.

ГРУПА Д – Металург
1.КОЛО (13/17.09.2017)
Монпеље – Металург
2. КОЛО (20/24.09.2017)
Металург – Бешикташ
3. КОЛО (27.09-01.10.2017)
Металург – квалификант
4. КОЛО (4/8.10.2017)
Мотор Запорожје – Металург
5. КОЛО (11/15.10.2017)
Ч. Медведи - Металург
6. КОЛО (1/5.11.2017)
Металург – Ч. Медведи
7. КОЛО (8/12.11.2017)
Металург - Монпеље
8. КОЛО (15/19.11.2017)
Бешикташ - Металург
9. КОЛО (22/26.11.2017)
Металург - Мотор Запорожје
10. КОЛО (29.11/03.12.2017)
квалификант - Металург



Датум: 16.07.2017, 14:52
Статијата е прочитана 750 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense