| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.01.2018

Вардар и натаму ги чека „кариоките“

Хуан Фелипе беше најавен за денеска дека ќе дојде во Анталија, додека Марментини и натаму не се приклучил на тренинзите

Двајцата Бразилци во Вардар и натаму ги нема на подготовките во Анталија. Хуан Фелипе требаше денеска да се приклучи во „базата“, но го немаше на тренинзите. Веројатно ќе пристигне или вечерва, или во текот на утрешниот ден.

Вториот Бразилец Густаво Марментини дојде во Анталија, но се врати во Скопје да ги мине лекарските прегледи. Во секој момент се очекува и тој да го одработи првиот тренинг со своите нови соиграчи.

Со овие двајца Вардар ќе ги комплетира своите редови. Во моментов и натаму не тренира Дарко Велковски кој што има болки во тетивата.



Датум: 22.01.2018, 16:14
Статијата е прочитана 1207 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense