| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.10.2017


Хаџиевски доби отказ од Хата

*„Нашата епизода со Хата заврши. Сменети сме на почетокот од новата сезона“ напиша на својот фејсбук профил Ѓоко Хаџиевски

Ѓоко Хаџиевски не е веќе тренер на Хата од Дубау (ОАЕ). Тој е сменет од страна на раководството на клубот, веројатно поради слабиот старт во новата сезона.
„Нашата епизода со Хата заврши. Сменети сме на почетокот од новата сезона. Вчера во одработивме последниот натпревар во Купот со големиот АЛ Наср. За причините нема да објаснувам, но сигурно е дека не е нашето слабо работење, брзо ќе ве информирам и за тоа мои драги пријатели“ напиша на својот фејсбук профил самиот Хаџиевски. Тоа значи дека во Хата не се веќе и неговите помошници Аврамовски, Михајлов и Мирков.



Датум: 08.10.2017, 11:04
Статијата е прочитана 1380 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense