| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.08.2017

Шкендија мина со шестка на „Сан Сиро“...

Сепак Милан си е Милан, гигантот успеа со 6:0 да слави над нашиот евро претставник

И покрај најавите дека ќе игра храбро, сепак се чини дека Шкендија се исплаши на „Сан Сиро“ и високо беше поразена од Милан со 6:0. Шкендија сама си се победи но сепак мора да се признае дека Милан е гигантот. Стрелци за „росонерите“ беа Андре Силва во 13. и 28. минута, потоа Монтоливо во 25. и 85. минута, Борини во 67. и Антонели во 69. минута. Овој пораз значи и крај на соништата на тетовци дека сепак ќе се најдат во групната фаза од Лигата на Европа. Сега им останува во Скопје на 24 август чесно да се простат од настапите во Европа ова лето.

 



Датум: 17.08.2017, 22:37
Статијата е прочитана 1990 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense