| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.01.2018

Јаховиќ асистираше, одбраната не издржа

Гезтепе потклекна во 93. минута на гостувањето кај Фенербахче

Шестиот пораз на Гезтепе сезонава во турската лига беше еден од најболните, бидејќи тимот на Адис Јаховиќ, беше на чекор од освојување бод. Три минути ги делеа Јаховиќ и колегите од одличен резултат, но во самиот финиш попуштија пред налетите на домашните.
Во 59. минута, Јаховиќ беше опкружен од тројца противнички играчи, но успеа да ја протне топката до штотуку влезениот Бијого Поко, кој во својот прв контакт со топката го совлада голманот Демирел, за изедначување на 1-1. Претходно, во првото полувреме, Фернандао го донесе Фенер во водство од 1-0, а победата на Фенер му ја донесе Шпанецот Солдадо со гол со глава во 93. минута.
Талентираниот Елиф Елмас, беше на клупата за резерви на Фенербахче, но не доби прилика да дебитира на официјален меч во турското првенство, и шансата ќе ја чека на некој нареден натпревар.



Датум: 20.01.2018, 19:03
Статијата е прочитана 710 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense