| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.10.2017

Ангеловски: Со правилен пристап, резултатот секогаш е тука

„Создаваме тим и игра, а бодовите кои ги собравме не е реална слика за оваа репрезентација“ – рече селекторот Ангеловски по мечот со Лихтенштајн

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски имаше само пофални зборови за неговите избраници по завршувањето на вечерашниот меч против Лихтенштајн во Струмица. Тој истакна дека она што го кажал пред самито меч се остварило, односно дека кога се има максимален пристап резултатот никогаш нема да недостасува. 
„Она што го кажав пред мечот, го видовме и на самиот натпревар. Моите фудбалери излегоа со максимален пристап и со желба да се добие овој натпревар. Ова беше убава победа над Лихтенштајн. Се покажа кога пристапот е правилен, резултатот никогаш нема да биде доведен во прашање, особено во ситуација кога против себе имаме репрезентација од која сме поквалитетни“ - изјави Ангеловски.


„Сe уште сме под импресии, но како генерална оценка, ме радува тоа што сите мечеви во овие квалификации бевме конкурентни. Знаеме во каква група бевме. Пред квалификациите истакнав три цели: прво да се направи тим, да се направи препознатлива игра, и што е можно повеќе да собереме бодови. Мислам дека според игрите бодовното салдо не е реално“ - вели нашиот селектор, а на прашањето околу Аријан Адеми, Ангеловски вели:
„Адеми овој натпревар го одигра како да имал два дена пауза, а не две години“. 


„Горан одигра тежок меч во Торино, и тука одигра маестрално. Јас само ќе кажам дека една од главните причини, неговото враќање во националниот тим, тоа е една големина, и се што е во моја моќ ќе направам во иднина да го носи дресот со државниот грб“ - заврши нашиот селектор.


 



Датум: 09.10.2017, 23:22
Статијата е прочитана 839 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense