| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.12.2017

Глигоров погоди за пехар на Марфил

Заврши традиционалниот турнир во мал фудбал во Прилеп, на кој триумфираше екипата на Марфил.

Екипата на Марфил е победник на Хуманитарниот турнир во мал фудбал ,,Свети Никола’’, организиран од Општина Прилеп, фирмата ,,Комфи ангел’’ и Локалниот спортски сојуз. Во финалето, пред преполни трибини, прилепскиот тим составен од футсал-репрезентативци славеше триумф од 1-0 над Зоки 2006. Тоа беше крајно рамноправен дуел меѓу избраниците на Дуртаноски и П. Ветаџокоски. По серија неискористени шанси од двете страни, по заслуга на голманите Стојановски и Петровски, во финишот на првиот дел се повреди адутот на Зоки 2006, З. Даноски (член на чешкиот Прибрам), што беше ненадоместливо. Во вториот дел имаше помалку удари, но сепак падна гол на четири ипол минути пред крајот. По удар откосо топката се одби од дирекот, натрча Глигоров за да спроведе во празната мрежа. Најдобар голман е И. Стојановски (Марфил), стрелец со 5 гола во завршницата Ј. Наумоски (Мите транс), а најдобар играч Д. Петровиќ (Марфил). Тимот на Волци е третопласиран по триумф од 4-2 над Мите транс. Во категоријата пионери победи Кафе Вирус на пенали со Победа (регуларно 1-1), а кај ветераните Златна рака е прва со победа од 1-0 над Портал.

 

МАРФИЛ - ЗОКИ 2006 1-0 (0-0)

Универзална сала во Прилеп. Гледачи 2000. Судии Горан Спиркоски и Жарко Димески. Стрелец Глигоров 35’ (М).

МАРФИЛ Стојановски, Левески, Петровиќ, Глигоров, Јовановски, Ранготов, Петровски, Тодороски, Андов, Исмаили.
ЗОКИ 2006 Петровски, Ивановски, Т. Брњарчевски, Д. Брњарчевски, Сефери, Џонов, Тодоров, Даноски, Тошески, С. Ветаџокоски.



Датум: 29.12.2017, 13:00
Статијата е прочитана 1608 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense