| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.03.2017

Реакција на Влазрими по повод соопштението на Еуромилк

Кичевскиот второлигаш реагираше на соопштението по натпреварот со Еуромилк на домашен терен. Истото ви го пренесуваме во целост

„ФК Влазрими од Кичево реагираше на соопштението кое екипата на Еуромилк денес го испрати до јавноста, во кое во целост се негира тврдењето на гостинската екипа.
Управата на ФК Влазрими од Кичево понесени од денешното соопштението на Еуромилк кое е упатено до јавноста во кое тие се жалат дека наводно било врз нив вршено притисок на вчерашната средба која се одигра на стадионот на Влазрими во Кичево.
Вистина е дека во целиот тек на првото полувреме гостинските фудбалери со број 5 Никола Никанчевски и играчот со број 14 Михајло Митров провокативно се однесуваа кон домашната публика сакајќи по секоја цена истата да биде иритирана.
За жал, оваа неспортска појава која по сите фудбалски прописи се казнува од делителот на правдата, оавај пат остана неказнета, намерно или ненамерно не можеме да тврдиме.
Но едно е сигурно дека гостите по примениот гол во последните секунди од средбата беа револтирани, иако им е јасно дека фудбалот се игра до последниот свиреж на судијата.
По завршувањето на средбата дивеењето на гостинските фудбалери продолжи и во просториите односно соблекувалните каде што буквално беше уништен целиот инвентар.
За овај вандализам некој ќе треба да плати иако ова не ни е во прв план бидејќи фудбалот се игра за публиката и истата треба да се почитува особено кога е мирна и воопшто не реагира.
Разбираме дека е тешко подносливо да се бориш до последните моменти и при тоа да примиш гол во последните секунди, но спортски е и покрај такви околности поразот да се признае.
Ние како клуб остануваме отворени за соработка со сите клубови па и со Еуромилк  и не сакаме да ги расипеме односите со нитуеден клуб“ се вели во реакцијата на управата на ФК Влазрими од Кичево.



Датум: 20.03.2017, 18:06
Статијата е прочитана 1581 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense