| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.10.2017

Костадинов со прв лигашки гол за Ружомберок

Младинскиот репрезентативец на Македонија даде гол во победата на неговиот Ружомберок над Сеница

Тихомир Костадинов го постигна првиот првенствен гол во дресот на Ружомберок во 12 настап во словачкиот шампионат. Неговиот тим победи против Сеница на гости со 3:0, а македонскиот репрезентативец до 21 години го даде вториот гол за победничкиот тим.
Тоа се случи во 69 минута кога Нермин Наскиќ упати удар по земја во шеснесетникот на гостите, а Костадинов ја прибра топката и потоа го совлада противничкиот голман.
Да потсетиме дека Костадинов ова лето од Злате Моравце се пресели во Ружомберок, а во потоа во Купот на Словачка даде три гола за својата екипа во триумфот од 9:1 над Левоча.



Датум: 21.10.2017, 19:31
Статијата е прочитана 460 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense