| контакт | маркетинг
КОШАРКА

18.03.2017

Македонија ќе се засили со двајца Американци



Македонската кошаркарска репрезентација ќе се засили со двајца Американци, Шејн Ларкин и Џордан Теодор

Откако МКФ конечно го комлетираше стручниот штаб со избор на Јорданчо Давитков за селектор, а Љупчо Малинков и Александар Јончевски како асистенти, раководството на федерацијата, секако во договор со новиот-стар предводник на сениорите, почнале интензивна потрага по квалитетен странски кошаркар.
„Спортмедиа" објавува дека се работи за Шејн Ларкин односно Џордан Теодор.
Дешејн „Шејн" Ларкин е роден на 2. октомври 1992 година во Синсинати, и во овој момент настапува за екипата на Басконија, која е дел од Евролигата.
Колеџ кошарка играл за Универзитетот во Мајам. Беше одбран од Атланта Хоукс како 18. пик на драфтот од 2013 година, од каде веднаш бил трејдуван во Далас Маверикс.
Професионалната кариера Ларкин ја почнува во Далас, продолжува во Тексас Леџендс. Но за кратко затоа што во сезоната 2014/2015 преминува во Њујорк Никс, а наредната ја завршува во „соседството", како играч на Бруклин Нетс.

Џордан Теодор пак е три години поискусен во однос на Ларкин. Роден е 1989 година во Њу Џерси, а кошаркарската школа ја поминал како студент и играч на познатиот Универзитет Сетон Хол, каде во сениорската сезона имал просек од 16.1 поени и 6.6 асистенции.
Професионалната кариера Теодор ја почнува на 15. јули 2012 година како играч на турската Анталија. Наредната сезона потпишува договор со загрепска Цедевита, но за кратко, затоа што беше отпуштен, па сатисфакцијата ја побарал во профи лигата на Порторико.

 



Датум: 18.03.2017, 19:37
Статијата е прочитана 2088 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense