| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.04.2017

На Победа не и оди на стадиончето на Могила

Три меча, три ремија со само еден постигнат гол. Тоа е епилогот на прилепчани кога се домаќини на стадиончето на Могила во пролетниот дел

ФОТО:МАРКУКУЛЕ.МК

Си заминаа од Битола и Охрид со цел како домаќини да победуваат, се вратија во Прилеп но не на големиот стадион „Гоце Делчев“ кој се уште е под реконструкција туку на малото стадионче на Могила. И се чини дека во Победа како да погрешија. Секако дека убаво им е дома, пред своите гледачи но никако да победат момците на Зоран Штерјовски. Прво играа со Шкупи 1:1, потоа со Брегалница 0:0 и ете вчера се извлекоа со Работнички играјќи 0:0, реално „романтичарите“ беа далеку подобар ривал. Значи од девет можни освоени се само три бода, постигнат е само еден гол. Биланс кој е далеку од посакуваниот од страна на навивачите на Победа.
Сето ова кажува дека стадиончето на Могила не е терен каде што Победа може да победува.



Датум: 10.04.2017, 13:16
Статијата е прочитана 2056 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense