| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.07.2017

Копенхаген остана без десни бекови


Николај Бојлесен нема да го игра реваншот против македонскиот првак поради скршеница


Копенхаген одигра 0:0 на својот стадион „Паркен“ против аутсајдерот Хобро и на тој начин пропушти да освои три важни бодови за титулата во данскиот шампионат. На овој меч десниот бек Николај Бојлесен по еден дуел со противнички играч со пожалил на болки во градите, а лекарите претпоставуваат дека се работи за скршено ребро. Тој дефинитивно ќе го пропушти реванш мечот од Лигата на шампионите против Вардар, а кој ќе ја заземе неговата позиција не знае ни самиот тренер Стале Столбакен.
Копенхаген како единствен здрав десен бек го има младиот Мадс Рорслев кој не беше на поширокиот список со Хобро, а нема да игра против Вардар. Па така Солбакен е на маки кого да стави на таа позиција.  На мечот со Хобро таа улога ја презема Николај Томсен, но тој е класичен играч за врска па не е доволно спремен за десната бековска позиција.
Другите десни бекови Петер Анкерсен и Том Хогли се повредени.



Датум: 29.07.2017, 22:19
Статијата е прочитана 1748 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense