| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.08.2017

Димитровски ја тужи Керкира!

„Поднесов тужба против Керкира поради неисплатени долгови. Во меѓувреме, јас сум во потрага на нова средина“, изјави Владимир Димитровски

Владимир Димитровски заврши со Керкира, клубот не смета на неговите услуги. Меѓутоа Димитровски поднесе тужба против грчкиот прволигаш поради неисплатени долгови од договорот. Тој имаше договор со овој тим до идната година, но правдата ќе ја бара на друг начин.
„Се решив да ги тужам поради неисплатени плати од договорот. Одлуката ќе биде на 28 август“, ни изјавува Димитровски.
Во меѓувреме, тој може да потпише за нов клуб, но нема право да игра официјални натпревари сѐ додека не се донесе одлуката околу тужбата против Керкира.
„Чекам да потпишам за нов клуб. Во Керкира не продолжувам. Имам некои понуди, но ќе видиме. Нема да можам да играм официјални мечеви до 28 август. Потоа се надевам на позитивен одговор и да имам нов клуб“, вели Димитровски, кој во својата кариера играше во Млада Болеслав, Керкира, Карабах и за Теплице.

 



Датум: 11.08.2017, 18:56
Статијата е прочитана 1196 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense