| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.11.2017

Вардар со чуден гол на Барсегјан се спаси од пораз

Во првиот меч од 1/8 финалниот двобој на скопските екипи во Купот на Македонија, Вардар и Шкупи одиграа 1:1. Шкупи поведе со голот на Јашаровски а израмни Барсегјан кој во 59. минута постигна необичен па и среќен гол

Вардар без предност ќе патува на Чаир во реваншот од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Попладнево во Ѓорче шампионот одигра само 1:1, и тоа се спаси од пораз ако се знае дека чаирчани со голот на  Јашаровски во 8. минута поведоа со 1:0.
Во вториот дел Вардар, инаку мечот се играше во Ѓорче, тргна на се или ништо. Таа иницијатива вроди со плод во 59. минута кога Барсегјан од мртов агол ја погоди мрежата на Зендели, малку и со среќа. Подоцна Вардар маше и шанси и тоа преку Велковски кој во 76. минута ја погоди пречката, потоа преку Муслиу и Итало. Сепак во последните секунди Стојкоски имаше две големи шанси за победа на Шкупи но немаше среќа во вториот обид, во првиот Муслиу го блокираше неговиот удар.
Реваншот се игра на 17 декември на Чаир а победникот од ова 1/8 финале во следната рунда се среќава со Шкендија.



Датум: 30.11.2017, 15:01
Статијата е прочитана 1701 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense