| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.07.2017

Вардар игра добра „самба“

Противникот има двајца бразилци кои се главни во тимот. Квалитетни се го минаа Малме – вели Урош Матиќ при пристигнувањето во Скопје.

Копенхаген пристигна во Скопје, а секако за нас најјинтересна фигура во данскито табор е Урош Матиќ. Несудениот македонски репрезентативец, е предводникот на данскиот шампион во моментов, еден од најквалитетнтие играчи во составот на Копенхаген.
„Последен пат бев ов Скопје пред четири години. Имам тука многу родини, мојот дедо е роден во близината на Тетово. Би сакал повеќе да доаѓа тука но едносатвно немам време. Еве сега професионалниот пат ме доведе во Скопје на дуел со Вардар. Мислам дека противникот е квалитетен. Ќе биде тоа интересен меч утре. Вардар е квалитетен го покажа тоа и на двомечот со Малме, елиминираа квалитетен противник. Ќе биде интересно, во суштина и ги познаваме каква екипа  се, имаат добар поткован технички среден ред. Двајцата бразиллци се главни во екипата – вели Матиќ.
На прашањето што очекува од утрешниот меч, и со што би бил задоволен Матиќ вели.
„Мислам дека сме добро подготвени за овој меч против Вардар. Не се бавам со прогнози не можам да кажам каков резултат би бил на утрешниот меч. Не играм ниту кладилница за да можам така да пронозирам, мое, и наше е на теренот. Има два меча, полека и сконцентрирано ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат„ - повеќе димломатски одговара српскиот интернационалец.

Македонија е минато за мене

Конечно не може Матиќ да пристигне во Македонија, да одигра меч, и да не биде запрашан што се случи со неговиот настап за нашиот национален дрес.
„Сега сум дел од српската репрезентација, бев повикан за Македонија пред четири години, но имаше проблем со документацијата во ФИФА. Сега сум во Србија и мислам дека нема никакви шанси повеќе да заиграм за Македонија„ - истакна Матиќ.
Повеќе прочитајте во утрешното печатено издание на Македонски Спорт.


 



Датум: 24.07.2017, 15:11
Статијата е прочитана 1834 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense