| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.01.2018

Јаховиќ претставен во Коњаспор

Во следните 2.5 години, голгетерот ќе го носи дресот на овој тим, кој што плати обесштетување, и му даде добра плата на фудбалерот

Адис Јаховиќ и официјално стана дел од Коњаспор. Тимот утринава го промовираше новиот фудбалер со кој ќе брка опстанок во турската Супер Лига. Договорот е на 2.5 години, со тоа што Јаховиќ добро ќе заработува, а за неговите услуги тимот плати обесштетување на Гезтепе.

Со тоа Јаховиќ стави крај на сите шпекулации, иако беше поврзуван и со турските гиганти. Коњаспор беше најконкретен и успеа да го донесе во своите редови.

„Ќе се обидам со моите голови да му помогнам на тимот да обезбеди опстанок. Ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата. Верувам дека брзо ќе се адаптирам затоа што турската лига ми е позната“, рече Јаховиќ по промоцијата.



Датум: 30.01.2018, 08:45
Статијата е прочитана 1260 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense