| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.12.2017

Брегалница со ново раководство

Штипскиот второлигаш најавува промени, а започна, секако, со нова управа

Вчера  на Градскиот стсдион во Штип  првата работна средба, по изборот, ја одржаа новите  раководители на Брегалница. Тоа се   Елмир Мандак, спортски директор, Марјан Атанасов, извршен директор,  Зоран Георгиев, Мане Ризов, Никола Штериев и Стојан Шумански. Освен Елмир Мандак, сите   други се членови  на  Бордот на директори  во Брегалница. Секретар е  Борис Цеков.
За кратко  време ќе биде именуван и  претседател на клубот. Се договоривме  за неколку програмски задачи, како на пример  за  заокружување на играчкиот кадар со  фудбалери кои  порано ги бранеле боите на Брегалница, а сега играат во други екипи, како и  да најдеме решение за  теренот на Градскиот стадион, кој не е во најдобра состојба. За таа цел, веќе разговаравме со  одговорните во ЈП Исар и се договоривме до почетокот на март идната година теренот да биде доведен во првобитната состојба кога беше   изршен и  технички  прием.Исто така, очекуваме и Советот на општината да го доинесе  Буџетот, за да видиме  со колкави средства ќе располагаме“ ни  рече Елмир Мандак.
Инаку, амбициите на Брегалница ќе бидат да создаде стабилен лигаш и  ако  се даде можност да се  бори за првите две места на табелата и експресно враќање  во Првата лига.




Датум: 13.12.2017, 14:03
Статијата е прочитана 1229 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense