| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.12.2017

Бесир Демири пред враќање во Шкендија!?

Левиот бек на Вардар е пред „кам-бек“ во моменталниот лидер на табелата во македонскиот шампионат

Бесир Демири би можел оваа зима да се врати во таборот на Шкендија! Вакви се сензационалните најави од Тетово кои кажуваат дека после една година мината во Вардар, левиот бек и поранешен младински репрезентативец би требало повторно да го облече дресот на тетовските „црвено-црни“.

Демири играше за Шкендија две години, од 2014 до 2016 пред да дојде во Вардар. Извесно е дека тој ќе биде еден од оние кои ќе си заминат од Вардар во овој преоден рок, а Шкендија нема да чека и нема да пропушти прилика да го ангажира повторно.

 



Датум: 11.12.2017, 21:32
Статијата е прочитана 3232 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense