| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.01.2018

Марко Симоновски со скршена клучна коска

„Навистина сум малер, само што почнав да играм за мојот нов клуб Сепси, потешко се повредив. Операцијата бешпе успешна, сега следува пауза од нешто помалку од два месеци“ ни изјави напаѓачот

Марко Симоновски на пријателскиот меч со Каисар во Анталија се здоби со тешка повреда, имено тој ја скршил клучната коска.
„Навистина сум малер, само што почнав да играм за мојот нов клуб Сепси, потешко се повреди. И тоа мечот со Каисар, кога страдаше клучната коска, Веднаш бев префрлен во Брашов на операција која успшно мина и сега сум на домашно лекување во Сфанту, од каде е Сепси. Следува пауза од помалку од два месеци, но јас верувам дека ќе се вратам за финишот на првенството во Романија и ќе му помогнам на Сепси. Од друга страна најважно е да оздравам, сепак оваа повреда воопшто не е наивна“ ни изјави Марко Симоновски кој оваа зима направи трансфер од Лахти во Сепси.



Датум: 28.01.2018, 10:08
Статијата е прочитана 795 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense