| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.04.2017

Почнува ограничувањето на „Арената“

Управата на стадион им излегува во пресрет и ќе им дозволи на Вардар и Работнички да играат, ама само за викенд натпревари, не за дуелите коишто ќе се играат в среда


Иако пред неколку дена беше најавено дека Националната арена целосно ќе се затвори до Супер-купот, и ќе биде дозволено да се игра само натпреварот Македонија - Шпанија, сепак, управата на стадионот излегува во пресрет на двете наши најтрофејни екипи Вардар и Работнички. Имено, ќе биде дозволено да се игра само по еден натпревар неделно, и тоа на викенд, додека за дуелите в среда ќе мора двата тима да бараат алтернативи. Иако во неделата се играше мечот Вардар - Работнички, на „романтичарите“ ќе им биде дозволено уште денеска да играат дуел со Шкендија, и потоа нема веќе да се играат мечеви в среда.

ПРОБЛЕМ ЌЕ БИДАТ ТРИ МЕЧА
Проблематични ќе бидат само три натпревари коишто ќе се играат в среда. И тоа Работнички против Шкупи, Работнички со Пелистер и Вардар против Силекс во последното коло. Тие три натпревари нема да се играат на „Арената“ и двата тима ќе мора да бараат опција. Ѓорче Петров, теренот на ФФМ се една од опциите за играње на овие три натпревари, иако за мечот Вардар против Силекс може да биде направена отстапка.


ШТО АКО ВАРДАР - СИЛЕКС ОДЛУЧУВА ЗА ТИТУЛА?
Да, за последниот дуел на Вардар во првенството може да биде направена отстапка ако тој меч одлучува кој ќе ја освои шампионската титула. Не директно секако затоа што Силекс многу заостанува туку ако на Вардар му треба триумф за да ја освои титулата. Тогаш може да биде направена отстапка и да им се дозволи на Вардарци овој натпревар да биде одигран на нашиот најголем стадион. И да не биде одлучувачки, односно во случај да Вардар ја има освоено многу порано, тогаш може да им биде дозволено да им се додели трофејот токму на „Арената“.



Датум: 05.04.2017, 19:52
Статијата е прочитана 3020 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense