| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.01.2016

Кико легендо држи се, ние сме секогаш со тебе

„Македонски спорт“ не го заборави Кристијан Стоилков. Момчето кое на денешен ден минатата година на пријателски натпревар помеѓу екипите на Брегалница и Хоризонт Турново се здоби со стравична повреда и сеуште се нема опоравено од неа

Операција, долг процес на опоравување, терапии, рехабилитација. Кристијан сето ова херојски го поднесува и во моменто е во Словенија каде што напорно работи на своето целосно опоравување.

„Добар сум. Треба време за да целосно закрепнам, за да можам целосно да функционирам нормално да ги користам екстремитетите, поточно левата рака. Напорно работам, не губам волја ниту надеж. Сакам целосно да закрепнам“ – вели младиот Кристијан Стоилков.

Тој мина низ тежок период. По страотната несреќа најпрво беше префрлен во болницата во Гевгелија, за да на клиничкиот центар во Скопје му биде извршена операцијата на главата. Потоа следуваше преселба во клиниката во Охрид, и онаа кампања која ја покрена Македонски Спорт, за да му се помогне на Стоилков, кој во тој момент беше оставен сам со своето семејство да се бори со повредите. Многу добри луѓе помогнаа, поранешниот селектор Мирсад Јонуз, ФФМ, македонските репрезентативци.

Кристијан не заборавил никого од оние кои му подадоа рака во тој момент, но за да тој целосно закрепне ќе треба уште време. Последно кој му помогна на Стоилков во неговиот рехабилитационен период е претседателот на синдикатот на професионални фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев кој заедно со Саша Чириќ помогнаа тој да биде сместен во комплексот Бања Банско во Струмица, чиј сопственик е поранешниот македонски репрезентативец Дени Масев. И тој е еден од оние кои широкоградо се нафати да помогне во ситуацијата со младиот голман, на што Кристијан е бескрајно благодарен. Не радо го одбележуваме овој датум, настан, но тоа го правиме од две причини.

Прво за да повторно некој се сети на Кристијан Стоилков и неговата борба за целосно закрепнување од повредите, а како второ, за да се подобрат максимално условите на нашите фудбалски терени за да веќе вакви страотн сме нешта не се случат никому.

Кико легендо држи се, ние сме секогаш со тебе.



Датум: 24.01.2017, 14:43
Статијата е прочитана 4590 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense