| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.09.2017
 
Лисиче со пресврт до триумф во скопската битка

*Флорент Османи со гол во 90+2 минута му донесе победа на својот тим. Слично сценарио и во Гостивар кој го победи Тетекс

Попландево се одиграа мечевите од 4.коло во Втората лига – Запад. Еуромилк е победникот во скооското дерби со Македонија ЃП и тоа со 2:1 и тоа со пресврт. „Лавовите“ поведоа во 40.минута преку Костовски, израмни Алии десет минути подоцна од пенал за да Флорент Османи во последните секунди од мечот успеа да постуигне победнички гол. Значајна победа оствари Струга Трим Лум и тоа среде Новаци а пак Гостивар на свој терен во судиското продолжение со 2:1 сепак успеа да го победи Тетекс.

 
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО – ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД
ГОСТИВАР – ТЕТЕКС                     2:1
ЛОКОМОТИВА – ЗАЈАЗИ            0:0
ЕУРОМИЛК – МАКЕДОНИЈА ЃП    2:1
НОВАЦИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ    0:1
ЛАБУНИШТА – ВЛАЗЕРИМИ        1:1

ТАБЕЛА
1.Гостивар 10 бодови, 2.Струга Трим Лум 8, 3.Еуромилк 7, 4.Влазерими 7, 5.Локомотива 5, 6.Лабуништа 5, 7.Новаци 4, 8.Тетекс 3, 9.Македонија ЃП 2, 10 Зајази 2 бодови

 



Датум: 23.09.2017, 17:48
Статијата е прочитана 1270 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense