| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.09.2017

Несторовски од јануари во Евертон!?

Англичаните ќе го земат репрезентативецот на Македонија за половина од сумата која Палермо ја бара за неговата слобода, најавува веб-порталот „калчомеркато“

Познатиот веб-портал „калчомеркато“ од Италија најавува дека Палермо во зимскиот преоден рок ќе остане без Илија Несторовски кој е на пат за Евертон. Неговиот трнсфер ова лето не се реализирал поради тоа што фудбалерот во Италија настапува со пасош од Македонија а не со пасош од земја членка на ЕУ. Решавањето на тој проблем за фудбалерот е во процедура. Несторовски според најавите сега играл како „заробен“ играч во Серија Б со што веќе на големо се работи за негов трансфер во јануари. Најавите се дека Евертон ќе го земе Несторовски за сума од 9 милиони фунти. Тоа е сума двојно помала од онаа која Палермо ја барале за голгетерот во текот на летото. До јануари фудбалерот ќе мора да ги тресе мрежите во Серија Б а во вторникот тој му донесе победа на својот клуб на дуелот со Перуџа (1:0). Покрај Евертон од Англија и во Ватфорд се сериозно заинтересирани за првата „виолина“ на Палермо.



Датум: 22.09.2017, 14:39
Статијата е прочитана 1274 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense