| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

01.02.2018

Реми во Брест, а можеше да биде кошмар или рај

И Вардар и Мешков имаа свои шанси за победа

Нерешените 25:25 на гостувањето кај Мешков Брест, се првите испуштени два бода за Вардар во СЕХА лигата во оваа сезона. Заврши низата од 11 триумфи во 11-те кола, но и вака македонскиот и европски првак, убедливо е на првото место на табелата.
Криштопанс имаше прилика да му донесе победа на својот тим, но неговиот шут во последната секунда беше одбранет од домашниот голман. Летонецот во Вардар дојде токму од Мешков Брест, и не успеа да ги уништи Белорусите, кои водеа во поголемиот тек од оваа изедначена средба.
Дибиров со 8 гола и Штербик со 11 одбрани, беа најрасположени кај Вардар, кој нема време за детални анализи, бидејќи веднаш заминува за Словачка, каде задутре гостува кај Татран Прешов.  



Датум: 01.02.2018, 18:47
Статијата е прочитана 675 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense