| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.11.2017

Втора лига запад: Локомотива „грабна“ бод кај лидерот

Влазерими на домашен терен не успеа да го совлада тимот на Локомотива, и да се одлепи на чело на табелата

 

Кичевскиот тим денеска одигра 1:1 со скопската екипа, но го задржа првото место на табелата со бод предност пред Струга Трим Лум. Токму Струга Трим Лум „профитираше“ од овој „кикс“ и со победата над Еуромилк, се доближија до својот ривал. Стружани единствениот гол го постигнаа во 20. минута преку Тафе. Треба да се напмене дека домашниот тим заврши со играч помалку откако беше исклучен голманот Микица Георгиевски во 72. минута.

Тимот на Македонија ЃП со голот на Божиновски во 35. минута, успеа да го совлада составот на Зајази со 1:0. Тимот од Ѓорче Петров имаше доминација во текот на целиот меч, еднаш ја погоди пречката, но Зајази во финишот со двојна шанса можеше да ги „казни“ лавовите и да дојде до гол или голови, и да остане непоразен од овој меч.

Тетекс и Лабуништа одиграа натпревар во кој што немаше голови. Бобан Мариќ беше јунакот на тимот на Гостивар кој што постигна два гола на гостувањето кај Новаци во триумфот од 1:2. Единствениот гол за Новачани го постигна Талевски.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД, РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО
Македонија ЃП - Зајази  1:0
Влазерими - Локомотива 1:1
Тетекс - Лабуништа  0:0
Струга Т.Л. - Еуромилк  1:0
Новаци - Гостивар 1:2

ТАБЕЛА:
1. Влазерими 20
2. Струга Т.Л. 20
3. Гостивар 19
4. Македонија ЃП 16
5. Еуромилк 16
6. Локомотива 14
6. Лабуништа 14
8. Тетекс 13
9. Зајази 9
10. Новаци 8



Датум: 04.11.2017, 15:42
Статијата е прочитана 2164 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense