| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.04.2017


Фудбалски епицентар во Скопје


Германија, Англија и Македонија имаат соседски дербија викендов. За нас најинтересно е она што ќе се случува на „Арената“ денеска каде што се судираат нашите најтрофејни екипи, Вардар и Работнички


Од многуте дербија кои се играат овој викенд, ние си го негуваме нашето, она скопското кое денеска ќе се игра помеѓу Вардар и Работнички. Можеби фудбалските центри низ Европа викендов ќе бидат во Англија (Евертон - Ливерпул), во Германија (Шалке - Борусија Д.), Франција (ПСЖ - Монако), Италија (Наполи - Јувентус), за нас најинтересно ќе биде она што ќе се случува утре на „Арената“.
Без разлика што Вардар важи за фаворит со оглед дека е во битка за шампионската титула, сепак, секогаш натпреварот со Работнички носи возбудувања, носи неизвесности, и не секогаш победува оној кој е во подобра форма туку оној кој за време на натпреварот ќе биде подобро тактички и физички подготвен и оној кој ќе има моментална мотивација.


ПОСЛЕДНИ ПЕТ НАТПРЕВАРИ
РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 3:0
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ 1:0
РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 0:1
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ 1:0
РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 1:1
Вкупно: 56 24 14 18 76:63


Шампионот има шест триумфи повеќе
Ова ќе биде вкупно 57. првенствен натпревар меѓу соседите во самостојна Македонија, и тоа од сезоната 1998/99 откако и двете екипи играат заедно во елитата. Вардар има подобар биланс, има 24 победи, а без победник завршиле 14 средби. Додека Работнички има 18 триумфи, но последен пат кога биле гости „романтичарите“ победиле на 13.04.2013 година, значи пред точно четири години. Да напоменеме дека и сега се гости.



Датум: 02.04.2017, 11:08
Статијата е прочитана 1218 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense