| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.03.2017

БАБУНСКИ: Се подготвуваме како да сме во Полска

Иако има уште многу време пред континенталниот самит, нашите младински репрезентативци денеска (14 часот) против Бугарија го играат последниот пријателски меч пред европското првенство.

Дефинитивно македонската младинска репрезентација денеска против Бугарија го игра последниот пријателски, контролен меч пред стартот на европскиот шампионат во Полска. Истиот стартува во јуни, а селекторот Милевски потврди дека денешниот дуел, кој се игра на комплексот „Петар Милошевски “,со почеток од 14:00 часот, е „генералката“ која нашите херои ќе ја имаат пред да заминат на европскиот самит.
Противникот е по мерка што се вели. Бугарите менуваат генерација, но во својот табор носат многу квалитетни фудбалери.
„Дефинитивно ова е последниот меч на оваа генерација пред стартот на ЕП. Таков е распоредот, нема друга опција. Лично ми е се јасно, сè ми е подготвено, а на репрезентативците е да на денешниот меч уште еднаш да ја покажат и оправдаат довербата“ - вели селекторот Милевски.

ДА СИ ГО ЗАСЛУЖИМЕ МЕСТОТО НА ЕП
„Сите до еден вклучувајќи ме и мене треба да си го заслужиме местото за Полска. Нема отстапки, нема попуст. До Полска има уште многу, најбитно е да видиме што ќе направиме со Бугарија денес, а од утре веќе ќе мислиме и на останатото“ - го најавува денешниот меч нашиот селектор.

БАБУНСКИ:  СЕ ПОДГОТВУВАМЕ КАКО ДА СМЕ ВО ПОЛСКА
Давид Бабунски од друга страна, беше дел од А репрезентацијата, не доби шанса во Лихтенштајн, а еве сега повторно е дел од младата У21 селекција.
„Одлично се чувствувам. По големиот успех и пласманот на ЕП повторно сме дел од младата репрезентација, што за мене, а и за останатите верувам репрезентативци е посебно чувство. Против Бугарија многу веројатно ќе ни биде последниот контролен меч пред европското во Полска. Затоа се подготвивме како да е официјален меч, како за нас веќе да почна европскиот самит. Тоа е добро, за мотивација, за тимски дух, кој нам мора да признаам дека никогаш не ни недостасувал“ - вели Бабунски. 



Датум: 28.03.2017, 11:09
Статијата е прочитана 660 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense