| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.02.2017

(ЖИВО) Две скопски пресметки, дербито во Струмица

Денеска во 14 часот започнуваат натпреварите од 19. или првото пролетно коло во нашата елитна фудбалска лига

 

ВАРДАР - ШКУПИ 3:0 (2:0)

82’ ГОООЛ - Фелипе убаво го проигра Блажевски кој што и избега на одбраната, и успеа да спроведе во мрежата на Шкупи

16’ ГОООЛ - Прекрасен гол на Фелипе. Од 30 метри одкосо од десно упати силен удар кој што заврши го горниот десен агол од голот на Шкупи

10’ - Обид на Бајрами од 25 метри кој што го брани Гачевски

2’ ГОООЛ - Вардар поведе со 1:0 со автоголот на Кривањева. После излбокираниот удар на Блажевски, топката ја зафати Кривањева со глава и ја затресе сопствената мрежа

-Поради тепачка пред стадионот, дуелот меѓу Вардар и Шкупи започна 15. минути подоцна.


 

ПОБЕДА - ПЕЛИСТЕР 2:2 (1:1)

85’ - Ударот на Бујчевски од 15 метри, за малку минува крај левиот дирек на голот на Победа.

77’ ГОООЛ - Наумоски нафрлува од половина терен, во гужвата топката стигна до ветеранот Крстевски, кој пет метри ја тресе мрежата на Пелистер.

73’ ГОООЛ - Баже Илијоски го постигнува првиот официјален гол во дресот на Пелистер, откако биеше прецизно од белата точка.

42’ - Талески ја спасува Победа, по одличната одбра по ударот на Аугусто.

22’ ГОООЛ - Смешен пенал за Победа. Гешовски реализатор од пенал за 1-1.

10’ ГОООЛ - Ситуација скратен корнер за Пелистер, нафрлува Аугусто а на петерец со глава Бојовиќ одлично се снаоѓа и даде гол.


 

ШКЕНДИЈА - СИЛЕКС 2:0 (1:0)

78’ ГОООЛ - Меџедовиќ од 20 метри шутираше во долниот лев агол.

56’ - Филиповиќ стартува врз Меџедовиќ. Судијата стојанов покажува на белата точка. Жестоки протести на кратовци, кои сметаа дека фаулот е надвор од 16 метри. Хасани ја зема топката, шутираше, но само во левиот дирек.

50’- Силекс изведе слободен удар од преку 30 метри, голманот на Шкендија, Јовановски ја одби топката, натрча Филиповиќ и го погоди дирекот на тетовци.

46’ ГОООЛ - Асистенција на Бесарт Абдурахими до Бесарт Ибраими.

18’ - Слободен удар за Бесарт Ибраими од 35 метри силен шут, голманот на Силекс брани.

-Навивачите на Шкендија ги послушаа советите на челниците на клубот и се вратија на трибините.

 

 

МАКЕДОНИЈА ЃП - РАБОТНИЧКИ 3:0 (0:2)

87’ - Невнимателен старт на Душко Трајчевски за втор жол картон и искулување.

80’ ГОООЛ - Ивановски повторно од пенал за 3:0, откако Целески го повлече Силјановски.

57’ ГОООЛ - Ивановски од пенал го зголемува водството на Работнички, отако Џангаровски го сруши Суад Сахити.

10’ ГОООЛ - Суад Сахити му носи водство на Работнички во Ѓорче. Откако Ивановски со глава продолжи една долга топка, Сахити го лобуваше подизлезениот Целески.


 

БРЕГАЛНИЦА - РЕНОВА 0:1 (0:1)

38’ - Славчо Велковски заработи втор жолт картон. Брегалница до крајот со еден играч помалку.

32’ - Статива за Ренова, Мети Усеини со уадр од 20 метри го погоди левиот дирек.

10’ ГОООЛ - Асистенција на Велинов, Башким Велија од десет метри прецизен во голот на домашните.

 


Шампионот го дочекува Шкупи, додека во втората скопска пресметка која се игра во Ѓорче, домашната Македонија ЃП го нагостува Работнички. Дербито на колото се игра во Струмица каде се среќаваат Победа и Пелистер. Во Тетово промоција на клупата на Шкендија ќе има Томас Брдариќ и тоа против Силекс, додека во Штип силите ќе ги одмерат Брегалница и Ренова.
Како и досега, „Македонски спорт“ ќе врши текстуален пренос во живо.

ВАРДАР: Гачевски, Попов, Грнчаров, Блажевски, Којашевиќ, Барсегјан, Велковски, Глигоров, Хамбарџмјан, Демири, Фелипе
ШКУПИ: Зендели, Малиќи, Бајрами, Кривањева, Кадриу, Шабани, Демири, Исени, Бериша, Адем, Асани


ШКЕНДИЈА: Јовановски, Челиковиќ, Бејтулаи, Цуцули, Ибраими, Тотре, Меџедовиќ, Хасани, Чолак, Абдурахими, Зејнулаи
СИЛЕКС: Вујанац, Филиповски, Гуцев, Стојчевски, Филиповиќ, Танушев, Тимов, Пановски, Каланоски, Тимовски, Мојсов

ПОБЕДА: Талески, Ѓоргиевски, Ристевски, Најдовски, Станиќ, Гешоски, Шаркоски, Крстески, Војводиќ, Илиески, Наумоски
ПЕЛИСТЕР: Пашовски, Тошевски, Бојовиќ, Илијоски, Попзлатанов, Фереира, Трифуновски, Љамчевски, Мециновиќ, Аугусто, Илиев

БРЕГАЛНИЦА: Кобетиќ, Стојанов, Ранџеловиќ, Георгиев, Здравков, Наумов, Вуќетиќ. Велковски, Далчески, Ристовски, Костадинов
РЕНОВА: Хаџо, Муслиу, Јусуфи, Гафури, Велија, Мишковски, Нафиу, Абдула, Незири, Велинов, Усеини

МАКЕДОНИЈА ЃП: Целески, Џангаровски, Стојковски, Чешмеџиев, Фетахи, Здравковски, Цветановски, Денковски, Аломеровиќ, Стојкоски, Јашароски
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Херера, Сахити, Дурански, Најденов, Силјановски, Шиков, Ивановски, Демир, Трајчевски, Рашо



Датум: 19.02.2017, 13:33
Статијата е прочитана 1137 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense