| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.03.2017


Штипјани сакаат „сини“ столчиња

Полека, но сигурно стадионот во Штип наликува на она што сите во градот под Исарот посакуваат.

Прво се реконструираше теренот кој сега е еден од најдобрите ако не и најдобар во Македонија. Потоа се поставија рефлектори, веќе и се играше во ноќен термин, мислиме на првиот 1/2 финален меч од Купот на Македонија со Пелистер. На ред дојдоа и трибините, односно поставувањето на столчињата. Но, нивната боја направи проблем. Имено, надлежните решија да ги ишараат трибините, односно столчињата во црвена и жолта боја, колоритот на државното знаме, а познато е дека бојата на Брегалница е сина, како реката која тече низ градот Штип. Секако дека и „Фалангата“ е сина, и затоа сите, од навивачите, од поранешните фудбалери, јавноста се бара тие да се сменат и да бидат поставени столчиња со сина боја. Тоа е бојата на фудбалски Штип, на ФК Брегалница, на гордоста на градот под Исарот.



Датум: 26.03.2017, 11:17
Статијата е прочитана 4153 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense