| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

28.01.2018

„Арпад Велики“ и донесе злато на Шпанија

Прво злато за шпанската репрезентација на Европските првенства. Во финалето победена Шведска со 29:23 благодарение на чудесните одбрани на Штербик и брзите контра напади во второто полувреме

Шпанскиот ураган ја разнесе Шведска во финалето на Европското првенство во Хрватска. Шпанија по четири изгубени финалиња, конечно, успеа да се закитат со европското злато. Гранитната одбрана, чудесните реакции на Арпад Штербик и брзите контра напади беа клучот на фантастичниот пресврт на „Фуријата“ во второто полувреме и големата победа.
Швеѓаните беа солидни само во првото полувреме кога убаво пробиваа и ја тресеа мрежата на Шпанците, а притоа обезбедија предност од 14:12.
Но во второто полувреме на теренот како да излезе поинаква Шпанија. Затегната одбрана, жестоки дуели, брзи контранапади, многу украдени топки... Избраниците на Жорди Рибера го сомлеа противникот кој немаше одговор на гранитната одбрана на шпанскиот национален тим. „Жолтиот“ тим неможеше да најде начин како да го пробие бедемот, а кога ќе го направеше тоа се испречуваше Арпад Штербик кој ги запираше шутевите. Па така Швеѓаните во првите 20 минути од вториот дел дадоа само три гола, а во меѓувреме Шпанците ја решетаа мрежата на противникот и постепено ја зголемуваа разликата. На крајот резултатот на семафорот гласеше 29:23, а Шпанија се израдува на првото европско злато.


Давид Балагер беше најефикасен играч кај Шпанија но и на натпреварот со шест погодоци. Кај победничкиот тим одлична партија имаа и Алекс Дујшебаев, Аитор Арино и Феран Соле со по четири погодоци. Кај Швеѓаните најефикасен беше Нилсен со пет голови, а Екберг даде четири.
Мораме да кажеме дека Арпад Штербик го заврши мечот со осум одбрани и тоа влезе во игра во финишот на првото полувреме. Да потсетиме дека голманот на Вардар беше повикан дополнително за полуфиналето, а тој практично ја водеше репрезентацијата до европскиот престол.
За големината на Арпад зборува и податокот што искусниот голман првиот медал го освои во дресот на Југославија и тоа на СП 1999 во Египет. Со Шпанија во 2013 година стана светски првак, а сега придодаде и златени медал од ЕП.

ЕДНА ОД БРИЛИЈАНТНИТЕ ОДБРАНИ НА ШТЕРБИК ВО ФИНАЛЕТО



Датум: 28.01.2018, 22:23
Статијата е прочитана 715 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense