| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2016

Милевски: Тргнуваме со нови фудбалери, но желбата и целта остануваат исти

„Немам посебни желби во однос на можните противници. Тргнуваме со нови фудбалери, но желбата и целта остануваа исти, тоа е да бидеме конкурентни и да го подобриме рејтингот“ изјави селекторот пред утрешниот ждреб во Нион

Младата македонска фудбалска репрезентација утре во Нион ќе ги дознае своите противници во квалификациите за Европското првенство, 2019 година во Италија. Нашата селекција се наоѓа во четвртиот барабан заедно со Велс, Бугарија, Грузија, Унгарија, Р. Ирска, Шкотска, Молдавија и Албанија.
Наши претставници на утрешниот ждреб ќе бидат Саша Кириќ и Благоја Милевски.

„Немам посебни желби во однос на можните противници. Ова извлекување го чекаме од самиот барабан, со пласман ан УЕФА рејтинг листата, подобрен за 11 места во однос на претходното извлекување за ЕП. Овие квалификации ќе ги започнеме со нова нова генерација на фудбалери, но, целта и желбата остануваат исти а тоа е да бидеме конкурентни во групата и да го подобриме рејтингот“ изјави селекторот Милевски.

„Можеби специфично ќе биде тоа што во иста година паралелно треба да се подготвуваме со две генерации. Со фудбалерите кои што се пласираа на ЕУРО 2017, како и со играчите кои треба да го носат товарот во иднина. Но, ние би биле најсреќни кога условно тој „проблем“ би го имале на секои две години. За можните контроли ќе разговараме откако ќе ги дознаеме противниците. Но, речиси е сигурно дека во март ќе играме два пријателски натпревари, еден со селекцијата на играчи родени 1996/97 како и со фудбалерите кои ќе бидат во комбинација за настап на ЕП во Полска“ додаде предводникот на фудбалските херои.

Извлекувањето ќе се одржи утре во 09 часот во швајцарскиот град Нион.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019
ПРВ БАРАБАН: Германија, Поругалија, Шпанија, Данска, Франција, Шведска, Чешка, Србија
ВТОР БАРАБАН: Словачка, Израел, Холандија, Австрија, Хрватска, Белгија, Полска, Швајцарија, Словенија
ТРЕТ БАРАБАН: Украина, Норвешка, Русија, Турција, Романија, Исланд, Грција, Црна Гора, Финска
ЧЕТВРТИ БАРАБАН: Велс, Бугарија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Унгарија, Република Ирска, Шкотска, Молдавија, Албанија
ПЕТТИ БАРАБАН: Литванија, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Казахстан, Кипар, Летонија, Албанија
ШЕСТИ БАРАБАН: Малта, Луксембург, Северна Ирска, Фарски Острови, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Гибралтар, Косово



Датум: 25.01.2017, 14:03
Статијата е прочитана 2114 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense