| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.11.2017

Швајцарците доаѓаат со тетовчанецот Бајрами

Првотимецот на Грасхоперс има потекло од нашите краишта, но неговата фамилија веќе триесетина години живее во Швајцарија

Македонската репрезентација до 19. години ја очекува квалификациски турнир на кој првиот противник ќе ни биде Швајцарија. Силен состав во кој секако најзвучно име е првотимецот на Грасхоперс, Недим Бајрами, момче чие семејство потекнува од Македонија, поточно од Тетово. Семејството Бајрами пред триесетина години се има преселено во Швајцарија, а Бајрами целата своја животна, а и фудбалска приказна ја има во Швајцарија.
Тој своевремено беше опција за нашата репрезентација, и македонската фудбалска федерација имаше обиди да го привлече да игра за нас. Сепак, Швајцарија така лесно не се откажува од своите најголеми таленти, и иако семејството Бајрами потврди дека Недим има македонски пасош. Уште едно момче кое има потекло од нашите краишта, а е дел од овој состав е и Изер Алиу кој е дел од тимпот на Цирих.

 

 



Датум: 06.11.2017, 14:05
Статијата е прочитана 1733 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense