| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.04.2017

Ибраими: 50 голови за Шкендија! Не е лошо... ќе има уште...

Вториот погодок против „лавовите“ за Бесарт Ибраими беше негов вкупно 50 во дресот на Шкендија

За неполни две години, од јули 2015 па до недела, Бесарт Ибраими успеа да постигне вкупно 50 голови на официјални мечеви за Шкендија. Во неделата против Македонија ЃП неговиот втор погодок беше тој јубилејниот. Во првенството има досега 40 голови, четири во Европа и шест во Купот на Македонија.
„Секако дека сум среќен што успеав да дојдам до ваква бројка, 50 голови за Шкендија и не е така лошо. Но очекувам да има уште. Овој мој успех е успех и на целата екипа, на навивачите, на сите што се во Шкендија, особено на моите колеги од тимот кои ми помогнаа со своите асистенции“ истакна Бесарт Ибраими.

 

 



Датум: 04.04.2017, 17:26
Статијата е прочитана 2933 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense