| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.12.2017

„АРЕНАТА“ ГИ „ДЕРЕ“ НАШИТЕ КЛУБОВИ

Цифрите од блиску 40.000 евра за користење на „Арената“ за европски натпревари се превисоки, особено ако се има во предвид што добиваат клубовите. Тие пари не можат да ги „извадат“

По којзнае кој пат отвораме нова тема за стара болка. Тоа е Националната Арена „Филип Втори“ со нејзината одлука да го „рента“ по новите цени, иако претходно беше договорено и објавено дека ќе им го дава на нашите тимови по старите цени. Наводно имаше договор, за после неколку месеци откако Вардар ги одигра сите натпревари во Лигата на Европа да им стигне „честитка“ со старите цени. Не поминало тоа на состанокот, барем така велат од јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. И сега што? Вардар ќе мора да „искешира“ најмалку 120.000 евра за трите меча во Лигата на Европа. Точно е тоа дека шампионот ќе добие многу пари за настапот во групната фаза, но тоа не треба да значи дека клубот мора да се „дере“. Меѓутоа, очигледно е дека некои не мислат така.
И додека трае тој проблем, направивме една анализа колку ги чини клубовите од соседството, како тој проблем е решен со Лудогорец кој што настапуваше во Лигата на шампионите во Софија, како е во Србија, малку подалеку од соседството во Хрватска. Што добива Вардар за оваа цифра од 40.000 евра за Европа? Излегува дека добива само тревник и трибини, а другото сам го финансира. Ниту еден клуб во Свет кој плаќа изнајмување на стадион сигурно дека не финансира сам други работи како што се чистење на истиот пред и после натпреварот, најмување на звучна опрема, најмување на технички работи како принтери, факсови, интернет, кафемати и друго. Сето тоа Вардар сам го финансира и згора на тоа плаќа „рента“ за најмување на стадионот. Значи Вардар не ги чини 40.000 евра, туку многу повеќе за организација на еден натпревар на „Арената“.

ПЛАЌААТ НАЈСКАПО

Анализите кои ги направивме и истражувањата во изминатите неколку дена, покажуваат дека клубовите кај нас плаќаат најскапа рента за „Арената“, со оглед на тоа што добиваат, каков е фудбалот кај нас и други работи. Одеднаш цената за најмување „скокна“ за три пати повеќе, што ги прави нашите два клуба нервозни и им дава „мотив“ да се селат од „Филип Втори“ и да бараат други решенија. Од 1.000 на 3.000 и од 2.000 на 6.000 евра се навистина голема разлика за користење на стадионот, а парашање е што добиваат клубовите за тие пари? Тоа ќе  го дознаете во следниот дел од текстот, затоа што добродојдено беше организирањето на натпревари во Лигата на Европа за Вардар за да истражиме како течеа сите организиациски работи и што тие сами си инвестираа.

ДОБИВААТ САМО ТРИБИНИ И ТРЕВНИК

Факт е дека она „шминкање“ на „Арената“ го овозможи никој друг туку само – УЕФА. Европската куќа на фудбалот на три-четири дена доаѓаше со камиони во Скопје, со опрема за трибините, за влезовите, за салата за прес-конфенреција, за ВИП делот, потоа за соблекувалните и другите помошни простории. Кога УЕФА ќе дојдеше во Скопје се требаше да биде одлично организирано, но имаше и свои барања.
Кога ќе се пресмета што клубовите имаат во тие 40.000 евра за Европа конкретно, излегува дека тимовите и националните тимови добиваат само тревник и трибини. Тревник кој што често се оштетува и тревник кој што често носи одлуки за селење на тимовите кои го изнајмуваат, и трибини кои што исто така најчесто се празни.

Направивме споредба како клубовите плаќаат во Србија, Бугарија, Хрватска. Но тие детали во денешното печатено издание на „Македонски спорт“ како главна тема низ страниците на домашниот фудбал.



Датум: 25.12.2017, 15:27
Статијата е прочитана 1389 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense