| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.04.2017

АЛИОСКИ: Ова е мојата сезона

Езџјан Алиоски повторно е во фокусот на вниманието во Швајцарија. Нашиот интернационалец на мечот против Сион изминатот викенд постигна неверојатни три гола за осум минути и го забележа вториот најбрз хет-трик во историјата на швајцарскиот фудбал.

„Неверојатно. Не, не е мојот хет-трик најбрзиот во историјата, како што ме информираа но тоа и не е така важно. Важно е што победивме, што повторно сум во голгетерска форма, што освоивме бодови. Можев реално потоа да постигна уште гол или два на мечот, па да биде навистина фантастично, но и вака не е лошо“ - вели расположено од Швајцарија за Македонски Спорт, Алиоски и додава.
„Сега сите повторно ќе бидат преокупирани што се вели со мене. Добро што овојпат е за добра работа. Ќе продолжам да работам макотрпно, да тренирам да му донесам на мојот клуб уште радосни моменти до крајот на сезоната. Знам дека сите повторно сега ќе очекуваат на секој меч голови, асистенции, но тоа не ми пречи напротив, ме мотивира„ - додава Алиоски.

ГЕРМАНИЈА ИЛИ ИТАЛИЈА СЛЕДНА ДЕСТИНАЦИЈА?
Многу веројатно дека следната сезона Алиоски ќе ја игра во некој друг клуб.
„По мечот со Сион во клубот ми кажаа дека биле присутни скаути од Италија и Германија. Колку што ми е мене познато се работи за екипите на Борусија Менхенгладбах, Вердер Бремен и Херта Берлин“ - завршува Алиоски.



Датум: 11.04.2017, 10:03
Статијата е прочитана 2670 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense