| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.07.2017

Бојаџиев поднесе оставка

Брегалница остана без претседател

По  заклучокот од последната  седница на Советот на Општината да  се  смени  претседателот на клубот, Ангел Бојаџиев, следуваше негова експресна одлука. Тој даде неотповиклива оставка на функцијата.
„Правната процедура во вакви случаи е комплицирана. За в недела, 23  јули, закажав седница на Бордот на директори на АД  Брегалница. Веројатно, ќе мора да извршиме избор  на претседател од  членовите на  Одборот, за одредено  време. Се разбира, ќе дадеме и  решение  за  претседател за  еден подолг период“, вели  Лазе Петковски, извршен директор.
Дознаваме дека,  како советодавно тело,  во Бордот ќе бидат  вклучени  и  некои штипски  фудбалски асови.  Можно е  за  претседател да биде назначен непартиски  човек, кој ќе ја има довербата од фудбалската фела.
Инаку, Брегалница доби 4,2 милиони денари од Советот на Општината. Брегалница закажа и две пријателски средби, со  Беласица на  26 и со Саса на 29 јули. Ќе мора  идните  денови да биде  засилен играчкиот кадар, оти сегашниов не ветува експресно враќање во елитата. Ќе мора да се работи и инфраструктурата на градскиот стадион - да се обезбеди трафостаница за напојување со електрична енергија, да се изгради покриена трибина и  да се реновираат  соблекувалните. Со  тоа ќе се овозможи на градскиот  стадион во Штип да се играат  и меѓународни фудбалски средби.



Датум: 21.07.2017, 19:40
Статијата е прочитана 1504 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense