| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.09.2017

Несторовски: Бериша ме помни по голот за Палермо

Нашиот голгетер Несторовоски пред мечот со Албанија посакува сценарио како на мечот Аталанта – Палермо кога го матираше албанксиот голман Бериша

Официјалната прес конференција на македонската репрезентација по повод утрешниот меч против Албанија пред малку заврши, а селекторот Ангеловски и Илија Несторовски го дадоа воето мислење.
„Многу битен меч против Албанија. Во кој јас верувам дека ќе дадеме се од себе за да извојуваме победа и да добиеме три бода со што би си направиле голема услуга на нас самите  но истовремено и би добиле одмазда за поразот во Скадар.
Да, добро го познавам Бериша како голман кој брани за Аталанта, и на мечот против неговиот тим му псотигнав гол за победа на палермо, и се надевам дека тој ме помни, и секако посакувам исто сценарио“ - изјави Несторовски, а селекторот Ангеловски се надоврза дека се радува на натпреварот кој се игра во Струмица, родниот град на Горан Пандев.
„Како целектор сум среќа што ќе имаме репрезентативен натпревар во еден спортски, фудбалски град, кој ни даде голем фудбалер во името на Горан Пандев. Очекувам голема подршка од гледачите, затоа што имаме потреба од тоа. Македонија ја очекува еден натпревар  од кој можеме многу да добиеме, од аспект на нашиот пласман во групата. Подготвени сме за надигрување, со нашиот западен сосед, и очекувам играчите да го дадат и последниот атом од силите и да извојуваме победа. По победата над Израел, атмосферата во репрезентацијата е на највисоко ниво и нашите мотиви за мечот против Албанија се многу публика, особено што играме пред македонската публика во Струмица„ - вели Ангеловски.


 



Датум: 04.09.2017, 17:58
Статијата е прочитана 956 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense