| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.01.2017

Алиоски во скандал со „украден“ телевизор

Сето ова се случувало на подготовките на неговиот тим Лугано во Шпанија

Езџјан Алиоски е вклучен во приказната со „украден“ телевизор од еден хотел во Шпанија каде што екипата на Лугано ги одработува зимските подготовки.

Имено, Алиоски заедно со цимерот Мариани биле големи љубители на играње на „плејстешјн“. Незадоволни од големината на својот телевизор во собата, се симнале во фојето на хотелот каде што го „позајмиле“ телевизорот кој што бил далеку подобар од нивниот. По неколку часа реагирале од хотелот, а менаџерот на Лугано веднаш покренал истрага. На крајот Алиоски и неговиот цимер ја признале „вината“ во која истакнале дека телевизирот не бил украден, туку само позајмен и останал во хотелот.

„Што да правиме кога телевизорот во нашата соба е мал. Многу мал и не може да се игра на него. Личи на мобилен телефон, а не на телевизор.“, му одговорил Алиоски на својот менаџер за „кражбата“ на телевизорот.



Датум: 17.01.2017, 10:47
Статијата е прочитана 3857 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense