| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.03.2017

Македонија испраќа Млад Амбасадор на „Фудбал за Пријателство“

Организацискиот Комитет во соработка со националните фудбалски асоциации и медиумите ќе ги одберат Младите Амбасадори кои ќе бидат нивните претставници

 

Македонија ќе испрати еден претставник на „Фудбал за Пријателство“.  Денеска во рамките на Организацискиот комитет на „Фудбал за Пријателство“ започна одбирањето на Младите Амбасадори, односно претставниците од 64 држави кои ќе бидат дел од големиот проект на гигантот „Гаспром“.
Секоја од државите ќе испрати едно момче или девојче, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Позициите на младите фудбалски играчи – Амбасадори од секоја од земјите учеснички беа утврдени во рамки на Отворената Ждрепка. Во рамки на ждрепката играчите беа групирани во 8 мешани интернационалнни тимови на пријателство – Црвен, Зелен, Цијан, Жолт, Син, Виолетов, Бел и Портокалов. Селекцијата е извршена помеѓу деца кои се љубители на фудбалот и се подготвени да се залагаат за основните човекови вредности како мир, еднаквост и пријателство помеѓу децата на нивна возраст. Организацискиот Комитет додели Млад Тренер – учесник во некоја од претходните сезони на програмата, за секој од тимовите.

Единствениот македонски претставник ќе биде во „Цијан ТИМ НА ПРИЈАТЕЛСТВО“, предводен од  Игор Кхритсјук (14 години, Украина). Во својата екипа ќе има одбранбен играч од Холандија и напад од Јужно Американската држава Уругвај. Покрај останатите селекции, Игор ќе има двајца дефанзивни играчи од средината на теренот од соседните земји Киргистан и Таџикистан, централни играчи од Бангладеш, Македонија и Република Гана, како и голман од Ирак.



Датум: 27.03.2017, 20:23
Статијата е прочитана 829 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense