| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.10.2017

Го згазивме Лихтенштајн, погоди и Адеми


*Македонија во одличен меч го победи Лихтенштајн со 4:0, стрелци беа Муслиу, Трајковски, Барди и повратникот Адеми. Дебитираше и Дориев, фудбалерот на Академија Пандев


Супер завршница на квалификациите за нашата најдобра репрезентација во Г групата. Македонија со 4:0 го победи Лихтенштајн, едноставно го згазивме гостинскиот состав. Тргнавме мирно, знаевме што сакаме и кога требаше постигнувавме голови. И тоа четири во мрежата на Лихтенштајн.
Поведовме со 1:0 со голот на Муслиу во 36. минута откако стоперот по нафрлувањето од корнер на Алиоски, убаво со глава погоди за водство. Неполни две минути подоцна Трајковски по асистенција на Пандев го увдои водството, со ова тој се запиша во историјата, имено тој е првиот наш репрезентативец кој постигнал голови на три меча во квалификациите во серија. Со тој резултат од 2:0 се замина на пауза.
Во вториот дел Македонија продолжи со исто темпо, во 64. минута Адеми влезе во игра место Пандев а во 67. минута Барди по нафрлената топка на Трајковски зголеми на 3:0. И тогаш дојде до најубавиот момент на мечот, Адеми се прошета низ целата одбрана на гостите, се најде сам пред голманот Јеле и погоди за 4:0 за голема еуфорија во нашиот табор и на трибините на стадионот „Младост“ во Струмица.
Со оваа победа Македонија заврши со 11 бодови, со гол разлика 15:15. Секако дека со малку повеќе среќа можевме да дојдеме до уште некој бод, но и вака не е лошо ако се знае што ни се случуваше на последните квалификациски циклуси.
На крај да кажеме дека на овој меч свое деби имаше и Љупче Дориев, фудбалерот на Академија Пандев и тоа на задоволство на струмичката публика.


 



Датум: 09.10.2017, 22:39
Статијата е прочитана 760 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense